Приведен маж од Грчец осомничен за кражба

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во период од 16:00 до 17:15 часот, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во домот и други простории на лицето А.А. (40) од село Грчец.

-Лицето А.А. е осомничено за тешка кражба во куќа на улица „Лука Геров“ во Скопје на почетокот на овој месец, од каде украл златен накит, пари и други предмети, соопштува МВР.

Лицето А.А. , како што информираат од МВР, е приведено поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ и против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.

Scroll to Top