Притвор за скопјанец во чиј дом е пронајдено оружје и муниција

пред 3 години

Судот му одреди притвор на 47-годишен скопјанец за нелегално поседување поголема количина оружје и муниција. Вчера во неговиот дом во населбата Чаир полицијата изврши претрес по налог на судот и таму пронајде и заплени оружје и муниција.

„Осомничениот на 27 март 2021 година, во својот дом во Скопје, неовластено држел огнено оружје и муниција кои им се забранети на граѓаните. При извршен претрес, службените лица пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет со дрвен кундак, една ловна пушка пумпарица марка „FABARM”, една рамка со 30 куршуми и осум ловни патрони калибар 12 мм.

Во насока на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“ соопшти обвинителството.​

Scroll to Top