При претрес во Кичево пронајдена дрога

пред 3 години

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера ја лишиле од слобода 22-годишната М.Т. од Кичево, а по претрес во нејзиниот дом пронашле и одзеле дрога, информираат од МВР.

– При претрес во нејзиниот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле кафеава прашкаста материја, повеќе шишенца со непозната течност, марихуана и други предмети, информираат од МВР.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Scroll to Top