Продолжение на 32-та седница на Собранието

пред 3 години

Собранието денеска треба да ја продолжи 32. седница на чиј дневен ред се останати повеќе предлог законски решенија, но и годишни извештаи за работа и финаиски планови за работата на државни институции и независни регулаторни тела.

Пратениците треба да ги разгледаат и да гласаат по Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за чек, Предлог законот за изменување на Законот за давање на финансиски услуги на далечина, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, сите во прво читање.

На дневен ред на оваа седница, меѓудругите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за водите, трите во прво читање, како и Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година.

За оваа седница се предложени и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2020 година, Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2021 година, како и Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2021 година.

За дел од точките на дневен ред расправата е завршена на некое од минатите продолженија на седницата и треба само да се гласа.

Scroll to Top