Пронајдена дрога кај двајца браќа од с. Граешница

пред 3 години

Поради поседување на дрога изречена е мерка притвор за двајца браќа од село Граешница, информираат од Основното јавно обвинителство Битола.

При извршениот претрес во домовите на двајцата осомничени, на возраст од 33 и 29 години била пронајдена наркотична дрога, известуваат од обвинителството.

Осомничените, од засега непознати лица, неовластено ја набавиле дрогата со намера да ја продадат. Кај едниот од нив, наркотичната дрога марихуана во вкупна нето маса од 1843,6 грама била пронајдена во помошна просторија која е во состав на неговото дворно место.

При претресот биле пронајдени и 566 семки со нето маса од 6,92 грама, за кои осомничениот знаел дека се наменети за производтсво на наркотични дроги.

Во помошна просторија која се наоѓа во дворното место на вториот осомничен, службените лица при вршење на претресот пронашле гранки, листови и врхушки од растението Канабис Сатива, од кое со понатамошна преработка може да се добијат опојни дроги, велат од обвинителството.

Од таму додаваат дека мерката притвор во траење од 30 дена е изречена поради непречено одвивање на кривичната постапка.

Scroll to Top