Проштална средба на Османи со романскиот амбасадор Виорел Станила

пред 4 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Романија во земјава, Виорел Станила.

Како што соопшти МНР, на средбата е изразено задоволството од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, за што министерот Османи упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорот Станила изминатите четири години, како и за соработката меѓу Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и Амбасадата на Романија во Скопје.

– Нашата држава високо ја вреднува континуираната поддршка од Романија во евро-атлантскиот интегративен процес и поддршката за реализација на наредната значајна фаза – одржување на Меѓувладината конференција и формалното започнување на пристапните преговори до крајот на годината, истакна министерот Османи.

Взаемно е нагласен интересот и заложбите на двете држави за натамошен развој и јакнење на севкупните билатерални односи и соработката, посебно, се посочува, во областа на економијата, но и во сите други области од заемен интерес.

Соговорниците, разговараа за актуелните внатрешно – политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на владите за справување со пандемијата, а беа разменети и мислења за актуелните состојби во регионот и регионалната соработка и неговите европски перспективи, се додава во соопштението.

Scroll to Top