Разбиена група во Македонија што продавала лажни ковид-тестови

пред 3 години

Разбиена е група што продавала лажни ковид тестови во земјата.

Како што информираат од полицијата, денеска биле извршени претреси на 11 локации, а приведени се седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативни ПЦР тестови, печати, факсимил од австриски нотари и друга документација.

По документирање на случајот, до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за фалсификување на исправа.

Scroll to Top