Разбиена група на измамници со разработена шема за одземње на возила

пред 3 години

Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.А.(27), поради сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А. (18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради сомневање дека сториле по три кривични дела од истиот вид, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.

Како што соопшти МВР, пријавените измамите ги извршиле на идентичен начин, и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со
продавачите се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото.

По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетениот во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата да бидат исплатени на рака.

По потпишување на договорот, пријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото.

Во врска со овие случаи поднесена е и кривична пријава против други шест сторители за седум кривични дела „прикривање“ и едно кривично дело „помагање“ и тоа против А.Н. (44) од Арачиново, Р.С. (30), Н.И. (24), М.А. (23), Р.Ш. (28) и Х.Ч. (56), сите од Скопје.

Scroll to Top