Родилката од Дебар: ќе ги објавам имињата на лекарите кои не најдоа пропуст за извадените бубрег, јајник и матка

пред 3 години

Родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, која по породување со царски рез си замина дома без бубрег, јајник и матка не го добила извештајот од стручниот надзор за постапувањето на лекарите при нејзината операција и лекување. Таа вели дека преку адвокатот го побарале извештајот, но се уште не им е доставен.

„Не го даваат извештајот оти адвокатот не донел полномошно. Еве и тоа ќе им пратиме. Вчера го побаравме, еве денес адвокатот и полномошно ќе им однесе, тој веќе четири месеци ме застапува. На домашна адреса не ми е стигнат извештајот, а се што добивав од Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега, сите документи, ми стигнуваа на домашна адреса“, вели Веапоска.

Денес Лекарската комора извести дека не може да ги каже ниту имињата на лекарите кои го вршеле стручниот надзор оти им била гарантирана безбедноста, ниту пак може јавно да сподели делови од извештајот оти на прес – конференцијата беа претседателката, нејзиниот заменик и уште неколкумина лекари кои не го правеле надзорот и немаат пристап до тој документ. Претседателката на Комората Калина Гривчева – Старделова рече дека право да го добијат извештајот имаат пациентката, Министерството за здравство и Општата болница Струга каде што е правен стручниот надзор.

И министерот Филипче, вчера не ги кажа имињата на лекарите иако на прес – конференција уверуваше дека тоа не тајна.

Родилката Веапоска за „А1он“ вели дека ако ги добие ќе ги објави имињата на лекарите кои утврдија дека гинекологот Мухамед Асани не направил пропуст во нејзиното оперирање и лекување.

„Ако ги има во извештајот, зошто да не ги објавам. И онака се е јавно. Ќе го бараме со адвокатот, ако му го достават, во ред, ако не, сама ќе го барам. Ќе одам во Скопје“, одлучна е Веапоска.

Таа вчера од Институтот за патологија ги подигна калапите од органите. Ги однела на анализа во приватна клинка со која сака да докаже дека органите и биле здрави.

„И во патолошкиот наод стои дека органите се здрави. Според извештајот на секој орган имало свежо крвавење. Ќе се обидеме да дознаеме зошто имало крвавење и зошто се извадени“, објаснува

Таа веќе поднесе кривични пријави за шестмина лекари кои учествувале во нејзината операција кога и биле извадени органите. Е надева дека Обвинителството по службена должност ќе побара вештачење кое ќе покаже прво дали се нејзини извадените органи, а потоа дали се извадени здрави.

Обвинителството веќе постапува по кривична пријава за овој случај отакао Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека гинекологот Мухамед Асани дома имал дива амбуланта во која Веапоска вели дека ја прегледувал и нејзе.

Конечен став за целиот случај и за евентуално разрешување на Асани од функцијата директор на Општата болница во Струга, министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе донесе следната недела откако во Министерството ќе ги анализираат сите наоди кои им се доставени.

Министерот Филипче во вторникот извести дека му сигнал извештајот од стручниот надзор за случајот на родилката од Дебар и дека не се најдени пропусти во постапувањето на гинекологот Асани.

Случајот со јавноста го сподели Веапоска во јануари годинава, кога во негово расчистување се вклучија Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Обвинителството и Лекарска комора.

Scroll to Top