Санкционирани 278 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

пред 4 години

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 278 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти претпријатието, во периодот од 28 септември до 4 октомври 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на „ПОЦ“ отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 158 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП „ПОЦ“ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Scroll to Top