СДСМ: Срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на централната прослава за 11 октомври

пред 4 години

Денеска делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ не оддаде почит ниту на државната химна, ниту на борците, ниту пак на одбележувањето на 79 години од почетокот на антифашистичката борба, обвини СДСМ.

„Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ срамно заминаа без да ја испочитува државната химна, без да ги ги поздрави претставниците на Сојузот на борци и дипломатскиот кор, без да ја проследи манифестација. Иако според протоколот и за нивната делегација како и за сите останати, имаше предвидено место за седење. ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека не им е важен празникот 11 октомври, не им е се важни борците од НОБ, ниту оние кои ги поставија темелите на македонската држава“, велат од партијата.

Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПНЕ, додаваат од СДСМ, остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Scroll to Top