Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија

пред 3 години

Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги разгледа Предлог – закон за изменување на Законот за домување и измените и дополнувањата на предлог-законите за железничкиот систем и за комунални дејности, сите во прво читање. Во мирна атмосфера, без дискусија, со пет гласа „за“, без ниту еден глас против и без воздржани, Комисијата оцени дека сите три предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Потребата од донесување на законите ја образложи заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи. Тој информира дека со Предлог – законот за изменување на Законот за домување се врши изменување во делот на инспекцискиот надзор и прекршоците. Ова, како што рече, е потребно за да се изврши негово усогласување со новиот Закон за инспекцискиот надзор и Законот за прекршоците.

Реџепи за измените и дополнувањата на Предлог-законот за железничкиот систем рече дека членовите 1,2 и 3 се усогласуваат со Законот за железничкиот систем и со новиот Закон за инспекцикси надзор.

Заменик-министерот Реџепи, образложувајќи го Предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за комунални дејности посочи дека има измени во однос на висината на глобите за физичките и правните лица кои, како што рече, се превисоки. Тој рече дека се врши интервенција и во платните налози.

Scroll to Top