Седници на собраниските комисии за труд и за финансирање

пред 3 години

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика и за финансирање и буџет.

Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за работни односи поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство.

На Комисијата за финансирање и буџет на дневен ред е Надзорна расправа на тема: „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“.

Scroll to Top