Се отвора модуларната болница во Скопје, каде ќе се препраќаат пациенти од Струга, Гостивар и Тетово

пред 3 години

Во Струга, Гостивар и Тетово има најголем наплив на пациенти заразени со коронавирус. Таму капацитетите се исполнети, а пациентите кои ќе треба да се хоспитализираат ќе се препраќаат во Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека се отвора и модуларната болница до Инфективната клиника.

„Расте бројот на новодијагностицирани. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар се 70 пациенти. Болницата во Лешок е исто така наполнета со пациенти. Утрово направивме и координација каде да се препраќаат пациентите. Од денеска со работа ќе започне модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение на ‘8 септември’, три тријажни центри. Направен е распоред на лекарите. И покрај тоа што дел се на одмор, има доволен број на кадар“, рече Филипче.

Има голем број на пациенти каде има и помал број на вакцинирани, рече Филипче, по што посочи дека во Охрид, Битола, Штип нема пациенти заболени од корона во болниците.

Scroll to Top