Се преврте автобус, шоферот во обид да избегне удар во трактор излетал од патот

пред 3 години

Автобус со патници се преврте попладнево, неколку минути по 14 часот. Несреќата се случи на патот Кичево-Битола. Првичните информации велат дека автобусот превезувал патници кои биле вработени во тутунска компанија. Тој се обраќал од селото Драгожани кон Демир Хисар.

До несреќата дошло откако возачот на автобусот во обид да избегне судар со трактор, излетал од коловозот и се превртел. Засега, нема пријавено повредени патници. Директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска, за „А1он“ вели дека таму до овој момент нема хоспитализирано лица кои пријавиле повреди, а се превезувале со автобусот.

„До овој момент, нема донесено повредени лица во Ургентниот центар“, вели кратко Гагачовска.

На терен и натаму трае увидот.

Scroll to Top