Спасовски на средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат

пред 3 години

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имаше средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат предводени од претседателот, Марјан Кицев. На средбата се разговараше за можните предизвици и насоки во делот за подобрување на условите за работа на полициските службеници.

Спасовски потенцираше дека министерството за внатрешни работи го заврши својот дел од обврските во врска со отпочнувањето градба на новиот центар за странци во Стенковец, објект од особено значење со кој земјава ќе ги обезбеди стандардите на ЕУ околу третманот на лицата странци до нивното формално регулирање на статусот во државата. Министерот Спасовски ги информираше претставниците на Македонскиот полициски синдикат дека до сега се реновирани над 50 објекти во МВР, а во моментот се работи на СВР Куманово, Ресен и Ростуше и ова динамика ќе продолжи и понатаму се со цел подобрување на условите за работа на вработените. На средбата меѓудругото министерот Спаосовски информираше дека многу скоро ќе се започне со испорака на новите униформи за полициските службеници.

Од Македонскиот полициски синдикат изразија благодарност до министерот Спасовски за досегашната поддршка и посветеност во реализацијата на голем дел успешно завршени проекти, како и за заложбите на министерот за значително подобрените услови за работа на полицијата и полициските службеници .

Scroll to Top