Српски државјанин фатен како превезува 28 мигранти

пред 2 години

На автопатот Гевгелија – Скопје, вчера бил фатен 20-годишен српски државјанин како во комбе превезува 28 мигранти.

Од нив, 25 биле од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија.

Претходно, во 19.20 часот на автопатот на место викано „Нова петла“ во близина на Гевгелија, К.А.(20) од Прешево не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.

Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top