Тешка сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, четворица повредени

пред 3 години

Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка во атар на село Псача, општина Ранковце, помеѓу камион и автомобил.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на автомобилот Д.А., и неговите сопатници В.М(50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од с.Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц.(59) од с.Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка.

Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.

Scroll to Top