Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка кај Сити Мол

пред 3 години

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Љубљанска“ и ул.„Московска“, кај Сити Мол, соопшти МВР.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд“, со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х.Б.(40) од Скопје.

– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т., а со телесни повреди сопатникот од истото возило С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил С.Х.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, посочуваат од МВР.

Бил извршен увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Scroll to Top