Ѓорѓиевски: Во која држава премиерот, министерот за внатрешни и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и нарко-босови

пред 3 години

Целосно фијаско доживеа Оливер Спасовски со акцијата „Планина“, нарко-босовите му побегнаа, ама затоа заплени дури 100 грама кокаин. Имаме два дена молк од Спасовски после изјавата на Русковска дека имало крт во МВР и дека им била пробиена акцијата. Акција која замислете беше организирана со месеци рече на прес конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„На социјалните мрежи и интернет портали изминативе два дена се појавија фотографии, на кој јасно може да се види дека токму Спасовски и високи функционери од власта седат на иста маса со нарко босовите кои сега им побегнаа. Заедно на иста маса насмеани министри, градоначалници и нарко-босови и криминалци. Во која држава премиерот, министерот за внатрешни и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и нарко-босови? Само едно е јасно, власта е поддржувач на овие криминалци и дилери на дрога низ Скопје и Македонија. Затоа и оваа акција им пропадна, бидејќи токму истата таа власт е таа што ги штити криминалците и нарко-босовите во нашата држава“ – вели Ѓорѓиевски.

Scroll to Top