Јаовски: Ќе бидам градоначалник за сите

пред 3 години

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Алија Јаовски, пред партиското седиште рече дека ќе работи 24 часа и ќе биде градоначалник за сите. Тој посочи дека ќе се повести на инфраструктурата, но и на вработување на граѓаните за да не одат во европските држави.

„Да им се заблагодарам на гласачите кои најдоа можност и начин, излегоа масонво, гласаа и го дадоа гласот на вистински човек. Функцијата градоначаник ќе ја извршувам чесно. Ќе продолжам онаму каде застана претходниот градоначалник со проектите, да ги дореализирам, за овие десет месеци. Ќе бидам градоначалник за сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница. Во оваа општина е доста направена, а јас тоа ќе го продолжам. Приоритетот ќе биде инфраструктурата и вработувањето на граѓаните, што е можно и неможно, да ги задржиме тука за да не одат во европските држави“, рече Алија Јаовски.

Крешник Бектеши од ДУИ кој изборниот ден го помина во Пласница, посочи дека над 85 отсто од жителите довербата ја дале на Јаовски. Според него, ова е знак дека ДУИ ќе издвојува победи и на редовните локални избори за десет месеци, како што рече, од Струга до Липково.

„Имавме одличен ден во Пласница, каде жителите на ова многу важна општина го кажаа својот став. Доверба, над 85 отсто од нив му дадоа на кандидатот од ДУИ, Алија Јаовски. Ова е одличен знак и е почеток, но и потврда на политиките на Али Ахмети, политиките на ДУИ, која е најорганизирана политичка партија во Северна Македонија. Оваа победа е знак и за претстојните локални избори кои ги имаме наредната година, каде што ДУИ очекува да победи во сите општини, почнувајќи од Струга до Липково. Јаовски се кандидираше со конкретна програма, а во периодот до локалните избори, ќе ја реализираме за да го подобриме животот на жителите. Честитки за жителите на општината. За првпат имаме и пратеник од оваа општина, што покажува дека ДУИ ги обединува сите етнички заедници“, рече Крешник Бектеши.

Scroll to Top