Aхмети и грчкиот амбасадор разговараа за Преспанскиот договор

пред 3 години

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денеска на проштална средба го пречека амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис по повод завршувањето на неговиот мандат како амбасадор во Република Северна Македонија.

За време на оваа средба, Ахмети му се заблагодари на Јанакакис за добрата билатерална соработка за време на неговиот мандат и изрази благодарност за неговата ангажираност за приближување на нашите две земји.

Ахмети и Јанакакис разговараа и за важноста на потпишувањето на Преспанскиот Договор, по што Ахмети му се заблагодари на грчкиот амбасадор за посветеноста и за неговата конструктивна улога.

Ахмети ја истакна потребата и подготвеноста за строго спроведување на Договорот од Преспа.

Претседателот на ДУИ му кажа на амбасадорот дека нивната поддршка за Република Северна Македонија во интеграцискиот пат кон Европската Унија е исклучително важна.

На оваа средба Ахмети и Јанакакис разговараа и за отвореното прашање со Бугарија, при што Ахмети ја истакна важноста од затворање на спорот во европскиот дух на добрососедство.

Ахмети и Јанакакис на крајот од оваа проштална средба се согласија дека двете земји, Република Северна Македонија и Грција треба да продолжат да одржуваат добри односи во сите области, особено во областа на економијата што е во интерес на сите граѓани во двете земји.

Scroll to Top