Анкета: Во Франција 74 отсто се за отворање на продавниците за облека и за накит во време на Ковид-изолација

пред 3 години

Французите генерално веруваат во информациите објавени во медиумите за ефиксноста на развиените вакцини против Ковид-19, но повеќето веруваат дека вакцинацијата не е неопходна. Тоа го покажуваат податоците објавени од анкета спроведена од социолошката агенција Елаб.

Шеесет проценти од Французите сметаат дека нема смисла вакцинацијата против новиот коронавирус да биде задолжителна за целото население во наредните месеци.

Мнозинството од оние кои го дадоа овој одговор се во возрасна група од 25-34 години. Само 21 процент од анкетираните се за задолжителна вакцинација, а 19 проценти немаат одговор. Генерално, 64 проценти од Французите сметаат дека очекуваните вакцини ќе бидат ефикасни. Но, само 40 проценти сега се согласуваат да ги примат.

Од 46 проценти кои не сакаат да бидат вакцинирани наскоро, 54 проценти стравуваат од несакани ефекти, 29 проценти не им веруваат на лекарите и клиниките, а 11 проценти велат дека не се плашат од инфекција.

Режим на самоизолација има во Франција од 30 октомври. Претседателот Емануел Макрон нареди ограничувања да вклучуваат затворање кафулиња, ресторани, барови, спортски сали и клубови, продавници, без оние за основни потреби.

Сепак, според Елаб, граѓаните се за отворање на библиотеките и книжарници (79 проценти), продавници за облека и накит (74 проценти), ресторани (61 процент), отворање кина, театри и музеи ( 48 проценти).

Триесет и шест отсто инсистираат на отворање на баровите, а 39 отсто – за можноста да ги посетат спортските сали додека 41 отсто се за продолжување на службите во места за молитва.

Повторното воведување режим на самоизолација е поддржано од 72 проценти од испитаниците.

Scroll to Top