„Астра зенека“ не доаѓа на состанокот со ЕУ за набавка на вакцини против коронавирус

пред 3 години

„Астра зенека“ нема да учествува на состанокот со претставниците на Европската Унија, пренесуваат светските медиуми.

„Ројтерс“ пренесува дека на состанокот требало да се разговара за набавка на вакцини против коронавирус.

„Ја разбираме и споделуваме фрустрацијата што почетната количина на вакцини за земјите од ЕУ ќе биде помала од предвидената. Ние продолжуваме да работиме со нашите партнери за набавка со цел да го оптимизираме овој процес и на тој начин да осигуриме дека вакцината се произведува до потребниот степен“, соопшти компанијата, како што објави агенцијата „Ројтерс“.

Земјите од Европската Унија продолжуваат со прашањата упатени до компанијата детално да ја елаборира најавата дека ќе испорача помал број вакцини против коронавирусот во првиот квартал од оваа година.

Scroll to Top