Бајден и Ердоган се слушнале по телефон, се договориле наскоро и да се сретнат

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден денеска остварил телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, соопшти Белата куќа.

Разговорот се случува во момент кога администрацијата на Бајден се подготвува да го признае ерменскиот геноцид извршен од Отоманската империја во периодот меѓу 1915 и 1923 година, потег што со сигурност дополнително би ги нарушил веќе затегнатите односи меѓу двете земји.

Во соопштението на Белата куќа не се споменуваат несогласувањата меѓу двете земји. Посочено е дека Бајден повикал за „конструктивни билатерални односи со проширени области на соработка и ефикасно управување со споровите“.

Двајцата лидери, исто така, се согласиле да остварат тет-а-тет средба за време на самитот на врвот на НАТО во јуни.

Scroll to Top