Вакцините на „Фајзер“наскоро и за деца под 16 години

пред 3 години

Американската агенција за лекови наскоро ќе одобри вакцинирање на млади американци на возраст од 12 до 15 години со вакцина од компанијата на „Фајзер/ Бионтек“, пренесува Ројтерс.

Во извештајот, Њујорк Тајмс цитираше официјално лице коe вели дека одлуката со нетрпение се чекала бидејќи компанијата соопштила дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека клиничките испитувања покажале дека стимулира силен имунолошки одговор на организмот, пренесува Ројтерс.

Инаку вакцините на „Фајзер/Бионтек“ во САД се одобрени за употреба за население од 16 години и повеќе.

Scroll to Top