Вашингтон: Турција да престане со провокациите во Средоземјето

пред 4 години

Американските власти денеска побараа Турција да престане со „намерните провокации“ во Средоземното море, каде официјална Анкара испрати брод за експлоатација на гас, што создаде нови тензии со Грција и Кипар, кои ги сметаат дел од водите во кои истражува Турција за свој континентален гребен.

-Бараме од Турција да престане со намерните провокации и веднаш да почне прелиминарни преговори со Грција, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус.

Спорот околу истражувањето на гас во август ги доведе морнариците на НАТО-сојузничките Турција и Грција, на работ на конфликт во областа меѓу Кипар и грчкиот остров Крит.

Турската морнарица соопшти дека нејзиниот брод „Оруч Реис“ до 22 октомври ќе продолжи со сеизмичкото истражување на морското дно во спорниот регион.

Scroll to Top