„Вечерње новости“: Почната е истрага за наводно прислушкување на претседателот Вучиќ

пред 3 години

Во Србија е покрената строго доверлива истрага за наводно прислушување на претседателот Александар Вучиќ, објави весникот Вечерње новости, повикувајќи се на свои извори.

Истрагата во секторот за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи почнала пред извесно време со цел да се утврди кој и по чие барање го прислушкувал претседателот.

Прислушувањето на шефот на државата се истражува како сериозно кривично дело и „обид за уривање на уставниот поредок“, наведува медиумот.

Министерот Александар Вулин вчера потврди дека претседателот Вучиќ бил прислушуван и дека службите работат на истрага.

– Ќе дојдеме до вистината, а судските органи ќе го сторат своето. Наше е да потврдиме дека претседателот бил прислушуван и да се осигураме дека тоа нема да се повтори. Прерано е да се зборува за целта да се прислушкува претседателот, но секако не станува збор за добра намера, изјави Вулин.

Scroll to Top