Во Арената во Белград има место за уште сто пациенти

пред 3 години

Во привремената болница во белградската арена се сместени 409 пациенти со коронавирус, а има место за уште 101 пациент, изјави д-р Владо Батножиќ, објави „Танјуг“.

Вчера, во арената биле примени 31 пациент. Батножиќ рекол дека арената се полни и дека набргу ќе биде пополнет целиот капацтет.

„Клиничката слика на сите пациенти е тешка затоа што оние со полесна слика се лекуваат во ковид-амбулантите. Околу 250 пациенти се на кислородна поддршка“, рекол Батножиќ.

Вчера, во Србија беа потврдени 2.112 нови случаи на коронавирус, а починаа 10 лица.

Scroll to Top