Во изолација и сопругата на Макрон

пред 3 години

Сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон, ќе биде во самоизолација бидејќи нејзиниот сопруг Емануел Макрон е заразен со коронавирус, изјави портпаролот на Елисејската палата.

Макрон беше тестиран по првите симптоми и ќе биде во изолација следните седум дена, но ќе ја извршува должноста претседател и ќе ги води состаноците преку видеоврска.

Елисејската палата објавува и дека Макрон и неговиот тим се обидуваат да утврдат каде претседателот се заразил со коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Брижит Макрон стана интересна за медиумите, не само затоа што е сопруга на претседателот на Франција, туку и затоа што е постара од сопругот 24 години.

Ќерката на неговата сегашна сопруга Брижит, Лоренс Озиер, била заљубена во сегашниот претседател на Франција. Таа одела во средно училиште со Емануел Макрон, а кога тој дошол во нејзиното одделение, таа постојано зборувала за него и било очигледно дека и се допаѓа, изјавија нејзините тогашни пријатели, како што пренесува „Дејли мејл“.

Scroll to Top