Во Словенија 200 луѓе по грешка добиле смс-порака дека ќе бидат уапсени

пред 3 години

Околу 200 луѓе во Словенија добиле смс-порака да очекуваат да бидат уапсени, што се покажало дека е испратено по грешка од словенечкото Министерство за надворешни работи.

Како што се наведува, Министерството за внатрешни работи само го тестирало масовното испраќање на пораки, кое ќе се користи за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, а со цел да ги информира лицата кои аплицирале за електронско следење на настаните за промените во датумите на тие настани, пренесува портал 24UR.

„ Сите ќе бидете уапсени“, гласеше пораката која ја добија околу 200 корисници, но 45 минути подоцна тие добија друга порака со извинување. Како што е наведено, станува збор за „човечка грешка“.

Scroll to Top