Во Франција прв круг од парламентарните избори

пред 2 години

Повеќе од 48 милиони Французи имаат право денеска да гласаат за 577 пратеници во првиот круг од парламентарните избори, пренесуваат француските гласила.

Изборната кампања, која, како што пишуваат, не предизвика голем интерес кај Французите и поради која се очекува мала излезност, заврши во петокот вечерта, објавија локалните медиуми.

Кандидатите немаат право да зборуваат во медиумите потсети францускиот онлајн „BFMTV“.

Французите ќе гласаат за кандидатите за 577 пратеници, а за апсолутно мнозинство е потребно да се освојат најмалку 289 пратенички места.

Вториот круг од парламентарните избори е закажан за 19 јуни.

Првите резултати од излезните анкети се очекуваат наскоро по затворањето на гласачките места.

Scroll to Top