Градоначалникот на Петриња: Не реков дека ја враќам помошта, реков дека не ни треба

пред 3 години

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, ја објасни својата изјава дека ќе ја врати државната помош од 30 милиони куни, која му беше доделена на градот како првична помош за санирање на штетите од земјотресот.

„Не ги вратив парите, само реков дека не ми требаат, реков дека преспав и донесов одлука дека тоа е понуда што не е прифатлива за мојот персонал, за мене како човек“, рече Думбовиќ, пренесува Н1.

„Јас лично разговарав со премиерот и му дадов на знаење дека треба да имаме уште посилна комуникација при прераспределбата на средствата, дека политиката или какви било конфликти во овој момент не ни требаат. Не треба да ја приватизираме оваа катастрофа и да се зборува дека мојата изјава е кампања. Мојата кампања почина со мојот град, Петриња доживеа огромна трагедија“, рече Думбовиќ.

Тој вели дека добил ветување од премиерот Андреј Пленковиќ дека ќе добијат уште помош.

„Премиерот даде збор и рече – не ни помислувајте дека нема да дадеме повеќе…Ние сметавме дека во тоа време не е прифатливо Глина да добие 25, а ние 30 милиони куни. Тоа во тоа време не беше прифатливо, но тие рекоа дека ќе добиеме повеќе “, рече Думбовиќ.

Потребна ни е помош од сите, додаде тој, од Европа и Меркел.

„Ако не ни помогнат, тогаш не ни треба таква Европа“, рече Думбовиќ.

Scroll to Top