Грција ја продолжи забраната за влез на граѓани од трети земји до 21 јануари

пред 3 години

Забраната за влез во Грција на нашите граѓани и на граѓани од трети земји им е продолжена до 21 јануари.

Мерката е објавена во Службен весник на Грција и стапи на сила денес, пренесува МИА.

Оваа одлука не се однесува на граѓаните на Европската Унија и Шенген-зоната, како и на граѓаните на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Привремената забрана за влез во Грција се однесува на сите државјани на трети земји на кое било место на влез, со какво било превозно средство, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски од превентивни причини во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19 на грчка територија.

Отворени се седум гранични премини за камиони за превоз на стока, четири со Бугарија и по еден со нашата земја, Турција и Албанија, а за возачите не важи задолжителна потврда за негативен ПЦР-тест.

Scroll to Top