ЕУ ќе преговара за набавка на 1,8 милијарди дози анти-ковид вакцини од „втора генерација“

пред 3 години

Европската унија ќе почне преговори за набавка на 1,8 милијарди дополнителни дози од „втора генерација“ вакцини против коронавирус, изјавија за западни медиуми извори блиски до Европската комисија.

Според нив, вакцините ќе бидат ефикасни против идните соеви на коронавирусот.

Европската комисија сака да склучи договор за набавка на 900 милиони дози вакцини со опција за дополнителни 900 милиони дози.

Дополнителни дози од добавувач ќе бидат доставени во 2022 и 2023 година. Тие ќе бидат надвор од 2,6 милијарди дози вакцини што веќе ги обезбеди Комисијата за оваа и за следната година, рече изворот.

Кампањата за имунизација на ЕУ зема замав откако се испорачани повеќе од 100 милиони дози вакцина. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, вкупно 104 милиони дози се испратени во земјите на ЕУ и Европската економска област, што значи 27,7 дози на 100 лица. За споредба, досега се испратени 82 милиони дози.

Scroll to Top