Канје Вест го призна поразот на изборите во САД

пред 3 години

Познатиот рапер Канје Вест го призна поразот на изборите во САД и најави дека повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година.

Вест ја започна својата кампања во јули, но успеа да се најде на листата во само неколку држави, поради пречекорување на роковите и недоволно собрани потписи.

Според прелиминарните податоци, раперот освоил околу 57.000 гласови во 12 држави во кои се кандидирал.

Вест наводно потрошил околу 12 милиони долари на својата неуспешна претседателска кампања.

Scroll to Top