Коронавирусот се шири во девете Америки побрзо од кога било досега

пред 2 години

Коронавирусот се шири во двете Америки побрзо од кога било од пандемијата, така што бројот се удвои минатата недела, на вкупно 6,1 милион, соопшти Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

Омикрон пристигна во речиси сите земји од Северна и Јужна Америка и се очекува брзо да стане доминантна варијанта во регионот, соопшти здравствената агенција, која ги обединува речиси сите земји од двата континента.

Најголем број на нови случаи има во Соединетите Американски Држави, каде што најголеми стапки на раст се во државите на Истокот и Среден Запад.

Боливија, Еквадор, Перу и Бразил, исто така, имаат значителен раст на бројот на новозаразени, а во Аргентина и Парагвај во текот на изминатата недела тој е зголемен за речиси 300 проценти, соопшти ПАХО.

„Една од карактеристиките што го разликува омикронот од другите варијанти е тоа што има поблаги симптоми. Сепак, заразата со омикрон може да биде фатална, особено за оние со послаб имунитет и невакцинираните“, рече директорката на ПАХО, Кариса Етјен.

Во Латинска Америка и Карибите, речиси 60 отсто од населението е вакцинирано. Чиле, Куба и Аргентина имаат меѓу највисоките проценти вакцинирани во светот, рече Етјен.

Scroll to Top