Лагите на Фејсбук за Ковид-19 и за вакцините убиваат луѓе обвини Бајден

пред 3 години

Големите оператори на социјалните мрежи што шират дезинформации за вакцините „убиваат луѓе“, обвини американскиот претседател Џо Бајден.

– Тие убиваат луѓе. Единствената пандемија што ја имаме ги погодува луѓето кои не биле вакцинирани. Тие убиваат луѓе, наведе американскиот претседател.

Белата куќа оваа недела значително го заостри тонот кон големите технолошки компании и ги замоли да се борат повеќе против лажните информации за вакцините.

САД работат на повторно започнување на вакцинацијата, особено поради многу брзото ширење на делата варијантата. Во четвртокот, портпаролот на администрацијата на Бајден, Џен Псаки, специјално се обрати на социјалната мрежа Фејсбук.

„Има околу 12 лица на социјалните мрежи кои создаваат 65 проценти од дезинформациите против вакцините. Сите тие се активни на Фејсбук, додека некои се протерани од други платформи”, рече таа.

Белата куќа се уште не прецизира за кои 12 лица станува збор или како дошле до тие информации.

Мрежата на Марк Закерберг одговори на овие изјави во четвртокот и бранеше дека веќе има повлечено „повеќе од 18 милиони дезинформации за Ковид-19 и сподели повеќе од 2 милијарди безбедни информации за Ковид-19 и вакцини“.

Scroll to Top