Лајчак во дводневна официјална посета на Косово

пред 4 години

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак ќе допатува денеска во дводневна официјална посета на Косово, каде што ќе има средби со политичките лидери, странските дипломати и претставниците на граѓанското општество. Според соопштението на Канцеларијата на ЕУ во Косово, цел на посетата на Лајчак е да се разгледа „напредокот постигнат по обновувањето на дијалогот со посредство на ЕУ во јули годинава, како и наредните чекори во преговорите за постигнување сеопфатен договор“. Повикувајќи се на извори од Брисел, косовските медиумите објавија дека, по Приштина, Лајчак ќе го посети и Белград, во обид „да го деблокира прашањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово“. Текстот Лајчак во дводневна официјална посета на Косово е превземен од А1он .

Scroll to Top