Макрон во Литванија, средба со Тихановскаја

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Литванија, денеска во Вилнус ќе се сретне со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, изјави претставник од неговиот Кабинет.

<!–// –>

Вилнус, 29 септември 2020 (МИА)Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Литванија, денеска во Вилнус ќе се сретне со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, изјави претставник од неговиот Кабинет.

Советникот на Тихановскаја, Франак Вјачорка рече дека таа изразила подготвеност да се сретне со Макрон во Вилнус.

– Испративме писмо до канцеларијата на Макрон во кое наведуваме дека имаме желба да се сретнеме. Чекаме потврда и ќе бидеме задоволни да се сретнеме за време на неговата посета на Вилнус, рече Вјачорка.

Тихановскаја вчера побара од Макрон да биде еден од посредниците во дијалогот меѓу владата и опозицијата во Белорусија и во тој процес да го вклучи неговиот руски колега Владимир Путин.

Протестите нема да престанат, рече Тихановскаја во Вилнус, каде отиде по претседателските избори во Белорусија на 9 август. паг/

<!–//

 

<!–//
<!–// –>

Извор: mia.mk

Scroll to Top