Меркел во вторник ќе се сретне со Тихановскаја

пред 4 години

Германската канцеларка Ангела Меркел во вторник ќе се сретне со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, соопшти денеска портпаролот на германската Влада. Тихановскаја во вторникот во Вилнус се сретна со францускиот претседател Емануел Макро. Таа претходно рече дека за време на состанокот, Макрон и ветил помош во преговорите со белоруските власти за ослободување на политичките затвореници во таа земја. Тихановскаја беше една од кандидатите на контроверзните претседателски избори во Белорусија, одржани на 9 август, и ја напушти земјата и замина во Вилнус, откако долгогодишниот претседател Александар Лукашенко беше прогласен за победник на изборите. Опозицијата во Белорусија не ги признава резултатите од изборите. Текстот Меркел во вторник ќе се сретне со Тихановскаја е превземен од А1он .

Scroll to Top