Наришкин: Руската разузнавачка служба не стои зад кибер нападот на институции и компании во САД

пред 3 години

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, денеска негираше дека агенцијата што ја раководи стои зад кибер нападот врз САД.

Нападот, со кодно име „Кибер ветрови“, ја загрози работата на девет американски федерални институции и стотици приватни компании.

САД и Велика Британија ја обвинија руската надворешна разузнавачка служба за нападот, а Наришкин посочи дека обвинувањата потсетуваат на „лош детективски роман“ и дека е „почестен“ со тврдењето дека неговата служба стои зад овие напади поради туѓа заслуга, пренесуваат британските медиуми.

Наришкин посочи дека тактиката што била користена за време на нападот потсетува на оние што ги користеле американските и британските разузнавачки агенции.

Scroll to Top