Од денеска во Србија се влегува без задолжителен тест за коронавирус

пред 3 години

Од денес, како што беше претходно најавено, македонските граѓани, заедно со државјаните на Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, можат да влезат во Србија без негативен ПЦР тест.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама вчера разговараа за укинување на задолжителниот негативен ПЦР тест за за влез на албанските граѓани во Србија.

Амбасадата на Србија во Бугарија објави дека граѓаните на Бугарија можат да влезат во Србија без негативен ПЦР тест, со што Бугарија е единствената земја од ЕУ чии граѓани можат во Србија без ПЦР тест.

Од друга страна и Црна Гора дозволи влез во таа земја без ПЦР тест, што важи и за граѓаните на Србија.

Државјаните на Србија кои не доаѓаат од споменатите земји (БиХ, Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Црна Гора) и немаат негативен тест за ПЦР, мораат да поминат задолжителни 10 дена во домашен карантин, од денот на преминување на границата. Лицата кои доаѓаат од САД, наместо негативен ПЦР тест, им се признава негативен Антиген ФИА Рапид тест, се наведува на веб-страницата на српската амбасада во Софија.

Претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Чадеж, оцени дека укинувањето на задолжителниот ПЦР тест за овие земји е уште една добра одлука за економска соработка во регионот.

-Регионот е наш заеднички дом, затоа одлуката на министерот за здравство за укинување на задолжителниот ПЦР тест за секој што ќе дојде кај нас од непосредната околина е уште еден показател за нашата подготвеност за отстранување на бариерите меѓу нас, кажа Чадеж, соопштен ео во изјавата на ПКС.

Претседателот на ПКС оцени дека оваа одлука секако ќе придонесе за уште подобро економско поврзување на компаниите од регионот.

Scroll to Top