Омикрон и во Словенија – потврден првиот случај

пред 2 години

Во Словенија е потврден првиот случај на омикрон, изјави денеска премиерот Јанез Јанша, велејќи дека во Љубљана е откриен кластер на инфекции со овој сој.

Словенија на тој начин се приклучи на списокот на земји во кои е регистриран овој високо заразен сој, изјави Јанша во словенечкиот парламент, пренесува СТА.

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1.712 нови случаи на коронавирус, секој трет тест бил позитивен, а починале 11 лица, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Scroll to Top