Остануваат на сила истите мерки против коронавирус во Србија

пред 3 години

Во Србија остануваат на сила досегашните мерки против ширењето на коронавирусот. На денешната седница на Кризниот штаб е донесена одлука дека е дозволено работното време на угостителите и другите непрехранбени објекти до 20 часот.

Исто така, како што се додава, донесена е и одлука дека нема причина второто полугодие да не почне кога е и планирано, на 18 јануари.

Српските медиуми пренесуваат дека како образложение за продолжување на постоечките мерки е податокот дека тие даваат резултати, а дека нивната примена не е временски ограничена, туку ќе се следи ситуацијата.

Остануваат на сила и мерките и за ПЦР тестовите за странци, при влез во Србија. Едногласно е одлучено и дека нема да има ограничувања за дочек на Српската нова година.

Инаку, на сила се мерките: забрана за собир на повеќе од пет луѓе, задолжително носење на маски во затворено, ПЦР тестови или карантин од 10 дена при влез во Србија и ограничено работно време – сите угостителски објекти и трговски центри работат до 20 часот, а продавниците до 21 часот

Scroll to Top