Отказ за 27 припадници на воздухопловните сили на САД, бидејќи одбиле да се вакцинираат

пред 2 години

Воздухопловните сили на САД објавија дека 27 припадници на таа служба биле отпуштени бидејќи одбиле да се вакцинираат против коронавирус.

Надлежните на своите членови им дале рок до 2 ноември да се вакцинираат, а илјадници членови одбиле или побарале изземање, пренесува АП.

Се наведува дека ниту еден од отпуштените припадници на воздухопловните сили не побарал медицинско, административно или верско ослободување.

Според последните податоци на американското воено воздухопловство, повеќе од 1.000 припадници одбиле вакцинација, а повеќе од 4.700 од нив бараат верско ослободување.

Нешто повеќе од 97 проценти од активните членови на воздухопловните сили примиле барем една доза од вакцината.

Scroll to Top