Прва реакција на Русија: Трамп е на пат да го повтори успехот

пред 3 години

Заменик-претседателот на Комитетот на Советот на федерацијата за меѓународни работи Владимир Џабаров смета дека првичните податоци за гласањето во клучните американски земји сугерираат дека актуелниот претседател Доналд Трамп е на пат да го повтори успехот од пред четири години.

– Можно е Трамп да го повтори својот успех на претседателските избори, остварувајќи победи во клучните држави, рече Џабаров.

Тој истакна дека ќе треба една недела за да се избројат сите гласови.

– Колку е помала разликата меѓу кандидатите, без убедлива победа од најмалку 5-6 проценти, толку е поголема веројатноста дека ќе има немири во Америка, такво е расположението во американското општество, предупреди тој.

Scroll to Top