Реформската стратегија на НАТО претставува предизвик во сопствениот двор

пред 3 години

БГНЕС – Софија

По првпат министрите за одбрана на НАТО разговараа за предлозите за реформи на генералниот секретар Јенс Столтенберг. Сепак, некои членови се прилично скептични во однос на новите предлози, информира Еуроактив.

Новиот извештај за реформите на НАТО, подготвен од експертска група, даде препораки за тоа како воениот сојуз мора да одговори на новите предизвици во сопствениот двор. Предлозите вклучуваат ажурирање на официјалниот главен стратешки документ на НАТО, неговиот „Стратешки концепт“, кој се однесува на конкуренцијата на растечките воени способности на Кина и стратегијата на Русија.

Особено се издвојуваат три: намалување на блокадите од една земја, „волја за формирање коалиции“ и повеќе овластувања за посредство на генералниот секретар.

Меѓу другото, постои и предлог за финансирање мерки на одвраќање и одбрана барем делумно од буџетот на Алијансата.

-Зајакнување ја нашата заложба за одвраќање и одбрана преку обезбедување стимулации за сојузниците да придонесат со повеќе можности и да обезбедат поправедна распределба на товарот, рече Столтенберг пред новинарите во Брисел.

Сојузниците повеќе нема да мора самите да ги сносит сите трошоци доколку, на пример, учествуваат во распоредување војска во балтичките држави или мисии за надзор на небото.

Реформските предлози што лидерите на НАТО се очекува да ги разгледаат на самитот во Брисел подоцна оваа година, потенцијално во јуни, имаат за цел да го убедат наследникот на Трамп, Џо Бајден, силно да го поддржи НАТО и да ги увери сојузниците, разочарани од, како што сметаат, неуспехот на Алијансата за координација на политичко ниво.

Резервираност на Французите

Според некои дипломати на НАТО, француската министерка за вооружени сили Флоренс Парли го обвинила Столтенберг дека јавно дискутирал за некои од неговите идеи за реформи до 2030 година, пред да разговара за нив на средбата со сојузниците.

Франција го става процесот на промена во преден план до 2030 година, откако претседателот Емануел Макрон изјави дека НАТО доживува „мозочна смрт“.

Една од најважните точки е дека Париз е скептичен во однос на идејата за „нова“ шема за финансирање, која исто така ќе ги земе предвид воената обука, учеството во мисии и операции, изјави дипломат на НАТО за „Еуроактив“.

Како земја вклучена во меѓународни воени операции, особено надвор од НАТО, тешко дека ќе има многу корист од новиот систем на финансирање. Покрај тоа, новата регулатива може да значи дека сојузниците мора да учествуваат сразмерно во операциите, дури и ако тие се политички критични и се согласиле само поради политичката кохерентност на Алијансата.

Без независен курс на САД

Тоа беше, исто така, прва средба со новата администрација на Бајден во лицето на американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кој вети дека со промената на власта во Белата куќа ќе завршат деновите на американските независни напори.

– Државниот секретар ја потврди пораката на претседателот дека САД имаат намера да ги обноват односите со НАТО и дека нашата посветеност на членот 5 останува непоколеблива, изјави портпаролот на Пентагон Џон Ф. Кирби.

– Секретарот Остин го посочи НАТО како темел на трајна трансатлантска безбедност и рече дека Алијансата е столб на нашите заеднички вредности на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото, додаде тој.

– Треба да ја вратиме изгубената доверба, рече Столтенберг пред состанокот.

Сепак, остануваат голем број предизвици, како што се зајакнување на буџетите за одбрана и споровите со Турција, членка на НАТО, вклучително и интервенција на Анкара во конфликтите во Сирија и Либија и купување на рускиот ракетен одбранбен систем С-400.

И покрај изразената разлика во тонот од оној на Трамп, се чини дека новата американска администрација ќе продолжи да врши притисок врз другите членки да направат повеќе за да го споделат финансискиот и воениот товар на НАТО.

Авганистан и Ирак

– Сепак, денешната сесија треба да биде првиот тест за новопостигнатата хармонија меѓу американските и европските сојузници, бидејќи тие мора да разговараат за мисијата за обука на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Договорот постигнат со Талибанците од администрацијата на Трамп предвидува заминување на сите странски трупи на 1 мај и „никој сојузник не сака да остане во Авганистан подолго од потребното, призна Столтенберг пред неодамнешната средба.

Сепак, условите за повлекување на трупите сè уште не се исполнети и мировните разговори за Авганистан не постигнаа доволно напредок за да се овозможи повлекување на странски трупи.

Авганистанската Влада и талибанските борци започнаа мировни разговори во Доха минатиот септември, но разговорите во голема мерка се во застој.

– Сè уште не можеме да зборуваме за повлекување на меѓународните сили од Авганистан, планирано за 30 април, рече во средата германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Министрите за одбрана, исто така, разговараа и за проширување на мисијата за обука на НАТО во Ирак, со идеја за зголемување на нејзината сила од 500 на околу 5.000.

Scroll to Top