Северна Кореја со ново лансирање

пред 1 година

Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска.

„ Северна Кореја истрела неодредена балистичка ракета кон Источното Море“, соопшти Здружениот Генералштаб на Сеул.

Ракетата лансирана од Северна Кореја паднала надвор од јапонската ексклузивна економска зона во Јапонското Море, објавија јапонските медиуми.

Од почетокот на 2022 година, Северна Кореја изврши 30 пробни лансирања на проектили.

Пјонгјанг соопшти дека воените активности на Северна Кореја се одговор на провокациите на Јужна Кореја и нејзините сојузници.

Scroll to Top