Севернокорејскиот лидер го честитал Денот на Русија, му испратил целосна поддршка на Путин

пред 2 години

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун и упатил целосна поддршка на Москва честитајќи го Денот на Русија, кој се одбележува денеска, јави јужнокорејската новинска агенција Џонхап, цитирајќи ја севернокорејската агенција „КЦНА“.

„Рускиот народ постигна голем успех во постигнувањето на своите цели – одбрана на достоинството и безбедноста на својата земја, притоа наидувајќи на различни предизвици и тешкотии. Корејскиот народ му испраќа целосна поддршка и охрабрување“, напишал Ким во пораката до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС.

Scroll to Top